Јунајтед го нуди Лингард и 45 милиони фунти за Џејмс Медисон

Манчестер Јунајтед сака да го доведе на „Олд Трафорд“ одличниот играч за врска на Лестер, Џејмс Медисон. Тој игра неверојатно добро оваа сезона во дресот на „лисиците“, па Оле Гунар Сослкјер е согласен да го испрати англискиот репрезентативец Џеси Лингард во Лестер и дополнителни 45 милиони фунти, само за да го добие Медисон за вториот дел од сезоната.

Лингард разочара комплетно во 2019 година, нема ниту еден постигнат и ниту една асистенција за тимот од „Олд Трафорд“, а тоа воопшто не му се допаѓа на Норвежанецот кој се обидува да ја реновира линијата за врска и да внесе малку свежа крв. Сепак, да се доведе Џејмс Медисон нема да биде лесно.

„Нема да си замине ниту еден фудбалер доколку клубот тоа не го сака“, изјави кусо менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс.

Џејмс Медисон има договор со „лисиците“ до 2023 година, а оваа сезона постигна седум гола и забележа седум асистенции.

Се вчитува...