Јунајтед го освои „Стемфорд бриџ“, Челси немаше среќа со ВАР

Манчестер Јунајтед оствари голема победа на гости на „Стемфорд бриџ“ совладувајќи го Челси со 0-2. Антони Марсијал и Хари Мегваер беа стрелци за составот на Оле Гунар Солскјер и го искачија на седмата позиција со 38 бода, само три помалку од четвртопласираниот Челси. Лондонскиот клуб немаше среќа со ВАР – одлуките, во текот на мечот не беа признати головите на Курт Зума и на Оливие Жиру во второто полувреме, а на самиот почеток се повреди Нголо Канте и мораше да го нашушти теренот.

Марсијал во 45.минута донесе водство за Манчестер Јунајтед. Со удар со глава постигна одличен гол по нафрлувањето на Ван-Бисака. Вториот гол беше дело на капитенот на гостите Хари Мегваер во 66.минута. Тој со удар со глава постигна погодок по корнерот од левата страна.

Се вчитува...