Јунајтед го претстави новиот дрес, навивачите направија хаос пред „Олд Трафорд“ (фото)

Навивачите на Манчестер Јунајтед направјиа хаос пред „Олд Трафорд“ на денот на промоцијата на новиот дрес на „црвените ѓаволи“ како дополнителен притисок врз семејството Глејзер за што поскоро да ја комплетира продажбата на контролниот пакет акции на клубот.

Американските милијардери одолговлекуваат во преговорите, а навивачите се бесни, бидејќи губењето време значи и лимитирање на буџетот за засилувања пред доаѓањето на новиот газда, што ќе се одрази врз квалитетот и резултатите на тимот во наредната сезона.

Пред главната клупска продавница на „Олд Трафорд“ попладнево се собраа стотина фанови со транспарент: „Глејзери, аут“… јасна порака што Американците ја добиваат веќе подолго време, но тоа барем засега не допира премногу до нив.

Јунајтед во меѓувреме преку социјалните мрежи го објави дизајнот на новиот домашен дрес што избраниците на Тен Хаг ќе го носат од стартот на наредната сезона.

Се вчитува...