Јунајтед го претстави Сабицер: Чувствувам дека сум на врвот на мојата кариера

Австрискиот фудбалер од средниот ред Марсел Сабицер до крајот на сезоната ќе биде на позајмица во Манчестер јунајтед од редовите на Баерн Минхен. Тимот од „Олд трафорд“ денеска и официјално го претстави Австриецот за свој нов фудбалер.

Тој на официјалната промоција вели дека е возбуден пред дебито и верува дека брзо ќе биде засакан од навивачите на „црвените-ѓаволи“.

„Чувствувам дека сум на својот врв како играч и дека можам да придонесам со многу искуство и енергија во тимот. Возбуден сум што почнав со моите нови соиграчи и менаџер и сакам да ги покажам моите квалитети на навивачите на Манчестер Јунајтед“, изјави Сабицер. 

Се вчитува...