Јунајтед го сака Герет Бејл, но само како позајмен играч

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е заинтересиран за ангажман на Герет Бејл, но само доколку тој пристигне на „Олд Трафорд“ како позајмен играч следната сезона. Во овој момент, проценката на раководството на „црвените ѓаволи“ е дека клубот не е подготвен да плати 84 милиони евра за да го откупи комплетно неговиот договор.

Манчестер Јунајтед сака да го земе Бејл на двегодишна позајмица. Менаџерот Оле Гунар Солксјер ќе одвои буџет за да ја подмири неговата годишна плата, а „кралевите“ ќе бидат среќни што сепак ќе ослободат 55 милиони евра за две сезони.

 

 

 

Се вчитува...