Јунајтед го суспендираше Мејсон Гринвуд

Манчестер Јунајтед попладнево објави дека Мејсон Гринвуд е отстранет од првата екипа, по сериозните обвинувања на неговата девојка за физичко насилство од страна на напаѓачот на „црвените ѓаволи“.

Харијет Робсон се појави на насловните страници на денешните изданија на британските весници и портали, со фотографии и снимки од тоа како изгледала откако била претепана од Гринвуд. Властите веќе најавија дека почнале истрага по поднесените докази, а со реакција се јави и клубот на Гринвуд.

„Можеме да потврдиме дека Мејсон Гринвуд нема да се врати на тренинзи, ниту ќе игра натпревари за клубот до расплетот на ситуацијата“, објави гигантот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...