Јунајтед и Сити влегуваат во „војна“ за Аргентинец (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ова лето влегуваат во „војна“ за услугите на талентираниот Енцо Фернандез, пренесуваат англиските медиуми. Аргентинецот кој е дел од Ривер Плата од 2019 година инспирираше со своите настапи и е подготвен за преселба во европскиот фудбал.

Новиот тренер на „црвените ѓаволи“ Ерик тен Хаг смета на 21-годишникот на долги планови и во него гледа идна ѕвезда која ќе има клучна улога на „Олд Трафорд“ па е подготвен да ја активира откупната клаузула од 20 милиони евра.

Сепак постои интерес и од Манчестер Сити е кој е добро познат по ангажирање на таленти од Аргентина, а „граѓаните“ оваа сезона веќе и го осигураа потписот на неговиот соиграч, Хулијан Алварез.

Се вчитува...