Јунајтед има три алтернативи како замена за Џејдон Санчо

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед има три алтернативи за крилната позиција, откако не успеа да ја доведе ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, пренесуваат англиските медиуми.

Оле Гунар Солскјер ќе се обиде на „Олд Трафорд“ да доведе еден од Иван Перишиќ од Интер, Кингсли Коман од Баерн Минхен или Даглас Коста од Јувентус. Перишиќ кој минатата година беше на позајмица во Баерн Минхен не ја гледа својата иднина во Милано, па затоа е најголем фаворит за премин на „Олд Трафорд“. Кингсли Коман и покрај тоа што беше херој на Баварците во лисабонското финале, не сака да биде човек за ротација, па затоа сака да замине од клубот, додека Даглас Коста одамна ја загуби стартната позиција во Јувентус.

Солскјер мора да доведе крилен фудбалер бидејќи тоа е позиција во клубот која е најтенка, како би бил конкурентен за освојување на титулата во англискиот шампионат.

Се вчитува...