Јунајтед ја затвори вратата: Бруно Фернандеш не оди никаде!

Манчестер јунајтед дефинитивно нема да дозволи Бруно Фернандеш да си замине од „Олд Трафорд“ летово откако англискиот гигант експресно ја одби понудата од Турција за мегатрансфер на капитенот на „црвените ѓаволи“.

Галатасарај е клубот што тргна во офанзива во последните денови, испраќајќи понуда од 50 милиони евра до Јунајтед, но и одлични услови за четиригодишен договор за самиот фудбалер.

Имено, Бруно во Истанбул би добивал двојно повисока плата од онаа во Манчестер, а згора на тоа би имал и неверојатни бонуси – 1,5 милиони евра за секој освоен трофеј, два милиони евра доколку биде најдобар асистент во сезоната во турското првенство и уште еден милион евра ако Галата наредната сезона биде дел од Лигата на Шампионите.

Фудбалероте се уште се нема изјаснето, но речиси сигурно е дека Фернандеш сепак нема да ги промени клупските бои откако неговиот сегашен клуб јасно ја потенцираше желбата да го задржи Португалецот уште најмалку една сезона.

А следното лето… со вакви или слични услови, нема да биде изненадување ако Бруно го облече дресот на турскиот гигант.

Се вчитува...