Јунајтед ќе го купува Каи Хаверц за 80 милиони фунти

Манчестер Јунајтед планира голема реконструкција на средниот ред во летниот преоден рок. Од „Олд Трафорд“ речиси сигурно ќе замине Пол Погба, а раководството на англискиот премиерлигаш е фокусиран на ангажманот на Каи Хаверц, младиот германски репрезентативец кој е член на Баер Леверкузен. За него „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 80 милиони фунти.

Според плановите на клуботм Хаверц и Бруно Фернандеш кој пристигна во Манчестер Јунајтед оваа зима за 55 милиони фунти, треба да бидат носителите на играта на тимот во наредните неколку години и да го вратат сјајот на составот од „Олд Трафорд“.

За Каи Хаверц постои интерес и од европскиот првак Ливерпул, но и од Баерн Минхен и ПСЖ.

Се вчитува...