Јунајтед ќе го „шутне“ Роналдо во јануари, еден клуб веќе му ја отвора вратата

Со најновото интервју, Кристијано Роналдо се чини дека повеќе нема никогаш да заигра за Манчестер Јунајтед. Португалецот непосредно пред Мундијалот даде „темпирано“ интервју на Пирс Морган, искористувајќи го да си ја „олесни душата“ и така да ги нападне сите оние кои му „завртеа грб“ по неговото враќање во Манчестер.

Поранешниот тренер Рангник, сегашниот Тен Хаг, екс соиграчот Руни, сите си добија критики од страна на Роналдо. Играчот кој цело лето се обидуваше да си замине од Манчестер, го нападна клубот и кажа дека се чувствува предадено и дека „не му искажале почит“.

Јасно е дека челниците на Јунајтед се во шок и разочараност по овие зборови на Роналдо. Екипата за контроверзното интервју дознала по гостувањето во Фулам, каде што Португалецот не отпатува поради „мистериозна болест“. Во тоа време Роналдо го даде интервјуто, а има уште многу контроверзии, затоа што ќе биде емитувано во среда и четврток.

Интервјуто придонесе бес во таборот на Манчестер, па така после Мундијалот веројатно напаѓачот ќе го чека отказ на маса. Тимот нема да го трпи сево ова, и ќе му ја покаже вратата, но еден друг клуб ќе му ја покаже влезната.

Станува збор за Спортинг Лисабон, од каде има сигнали дека за него секогаш ќе има место во тимот. Впрочем, Роналдо веќе ја прави неговата вила во близината на Лисабон, каде има намера да живее по завршувањето на кариерата, па така трансфер во неговиот екс клуб и враќање во татковината добро ќе му дојде. Сепак, од Саудиска Арабија има најави дека нема да штедат пари, и ќе му дадат цело богатство само да го видат Роналдо во некој клуб. Неодамна англиските медиуми објавија дека добро ќе му дојде и трансфер во САД.

Се вчитува...