Јунајтед лесно преку Дерби за четвртфинале во ФА Купот

Манчестер јунајтед е последниот четвртфиналист во англискиот ФА Купот, откако убедливо со 0-3 славеше на гостувањето против Дерби.

Победата на „црвените ѓаволи“ ја најави Лук Шо уште во 33. минута од средбата, а на 0-2 зголеми Игало во 41. минута. Игало со својот втор гол на натпреварот во 70. минута заокружи на 0-3.

Манчестер јунајтед во четвртфиналето од ФА Купот ќе игра Норвич на 21. март. Во останатите три четвртфинални средби се среќаваат Шефилд јунајтед – Арсенал, Њукасл – Манчестер сити и Лестер – Челси.

Се вчитува...