Јунајтед лесно преку Нотингем форест до финале во Лига Купот (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се пласираше во финалето на Лига купот на Англија, откако и на вториот полуфинален дуел славеше против Нотингем форест овој пат со 2-0.

„Црвените ѓаволи“ до победата дојдоа со головите на Марсиал во 73. минута и Фред во 76. минута од средбата.

Манчестер јунајтед во финалето на Лига купот на Англија ќе се соочи со Њукасл кој во полуфиналето го елиминираше Саутемптон.

Се вчитува...