Јунајтед му нуди 350.000 фунти седмично на Рашфорд за нов договор

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед се обидува да го задржи во тимот репрезентативецот Маркус Рашфорд. Раководството подготвило нов договор според кој напаѓачот ќе заработува 350.000 фунти седмично доколку стави потпис за продолжување на соработката.

Рашфорд влегува во последната година од актуелниот договор и тој е еден од приоритетите за менаџерот Оле Гунар Солскјер. За него се заинтересирани шпанските клубови Реал Мадрид и Барселона, но клубот од „Олд Трафорд“ нема да дозволи тој да замине.

Се вчитува...