Јунајтед му порача на Реал Мадрид: Погба вреди 130 милиони фунти

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед нема намера да го продаде Пол Погба за сума помала од 130 милиони фунти. Раководството на „црвените ѓаволи“ имало состанок со агентот Мино Рајола на кој јасно била потенцирана сумата што ја очекува клубот за продажба на Французинот.

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Пол Погба, неговиот агент Рајола притиска тој да си замине од „Олд Трафорд“ за да му договори уште еден огромен трансфер во кариерата, но Манчестер Јунајтед сепак нема лесно да се откаже од неговите услуги. Тоа е сума за 30 милиони фунти поголема од онаа што „црвените ѓаволи“ ја платија за Пол Погба во 2016 година, кога тој од Јувентус се врати во Англија.

Се вчитува...