Јунајтед најблиску до ангажман на Дони ван де Бек

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е најголем фаворит за потписот на фудбалерот за врска на Ајакс, Дони ван де Бек. Тој се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но, сепак, „кралскиот клуб“ не беше доволно конкретен во преговорите и 23-годишниот фудбалер остана во Амстердам.

Медиумите на Островот најавуваат дека Оле Гунар Солскјер ќе тргне по ангажманот на Доби ван де Бек во претстојниот летен преоден рок. Ајакс бара отштета од 50 милиони евра, а „црвените ѓаволи“ се подготвени и да вклучат некој млад фудбалер во пакетот за да успеат да го доведат Ван де Бек на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...