Јунајтед не може да го земе ниту Арнаутовиќ, сега има нов „таргет“

Потрагата по напаѓач на Манчестер Јунајтед стигна до таму што тимот од „Олд Трафорд“ не успеа да го ангажира ниту Марко Арнаутовиќ од Болоња. Двата тима не се договорија околу обесштетувањето, па од трансферот на Австриецот нема ништо.

Освен тоа што Болоња одбила да го пушти, и навивачите на Јунајтед биле против ангажман на Арнаутовиќ.

Сега следна желба на Манчестер е фудбалерот на ПСВ, Коди Гакпо. Гакпо важи за еден од најдобрите млади играчи во Холандија. Има 23 години, игра за Холандија, а во минатата сезона во 47 меча постигна 21 гол, и забележа 15 асистенции.

За Гакпо е заинтересиран и Арсенал, а проблем е цената која ја бара ПСВ. Холандскиот тим наводно не планира да го пушти својот напаѓач за помалку од 40 милиони евра.

Се вчитува...