Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Микаел Силвестре ја коментираше играта на својот некогашен тим во дербито против Ливерпул.
Дефанзивецот кажа дека Јунајтед не знаел да се брани, и дека Ливерпул да не застанел при 0-4, можел да го направи поразот уште покатастрофален.
„Милам дека повеќето навивачи не беа изненади од резултатот, особено по двата гола примени од Норич. По тој меч е јасно дека играчите немаат единство и концентрација и не се посветени на клубот. Ми се чини дека играчите не знаат да се бранат. Потребен е критички пристап. Кога имаше пет одбранбени играчи и примаш гол во првите пет минути, твојот план се распаѓа. Така шансите на Јунајтед беа мали, а резултатот можеше да биде и поубедлив, но Ливерпул ја симна ногата од гас по првите 20 минути“, рече Силвестре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА