Јунајтед не знае за доста – „Црвените ѓаволи“ ќе се засилат со уште еден млад фудбалер од Монако

Манчестер јунајтед ова летово се засили со Џејдон Санчо од Дортмудн и со Рафаел Варан од Реал Мадрид, а според англиските медиуми „црвените ѓаволи“ работат на уште еден трансфер до крајот на летниот преоден рок.

Челниците на Манчестер веќе се во постојан контакт со менаџерите на Орељен Чуамени од Монако и подготвуваат понуда до францускиот тим. Се работи за фудбалер за врска, кој има само 21 година.

Пред три сезони Чуамени пристигна во Монако од Бордо и се наметна како стартер во тимот на Нико Ковач. Неговата цена на фудбалскиот пазар моментално е 30 милиони евра, а се работи и за младински репрезентативец на Франција.

Се вчитува...