Јунајтед нема лесно да дојде до Грилиш: Астон Вила бара 80 милиони фунти

Астон Вила нема намера да попушти за цената на Џек Грилиш во преговорите со Манчестер Јунајтед. Клубот од Бирмингем бара 80 милиони фунти за да му дозволи на најдобриот фудбалер во тимот да се пресели на „Олд Трафорд“.

Раководството на Астон Вила смета дека Џек Грилиш има најмалку иста вредност како и Хари Мегваер, кој за истата сума беше продаден од Лестер во Манчестер Јунајтед. Нема да се сложи на одреден попуст дури и ако не го задржи премиерлигашкиот статус.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, инсистира офанзивниот играч за врска на Астон Вила да биде купен во летниот преоден рок, а за тоа Јунајтед ќе мора сериозно да го одврзе ќесето.

24-годишниот Џек Грилиш целата досегашна кариера ја мина во дресот на Астон Вила, ја доби и капитенската лента, а досега одигра 176 натпревари и постигна 24 гола.

 

Се вчитува...