Јунајтед нема зошто да се лути – Роналдо сам се понудил, Солскјер го одбил

Кристијано Роналдо во текот на викендов ќе го комплетира транферот во Манчестер Сити, навлекувајќи го бесот на фановите на Манчестер Јунајтед, клуб чии бои Португалецот ги бранеше во периодот од 2003 до 2009 година.

Сепак, последните информации говорат дека „црвените ѓаволи“ немаат за што да се лутат бидејќи уште пред да преговара со Сити самиот Роналдо преку својот агент Жорге Мендеш се понудил на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ без многу размислување ја отфрлиле ваквата можност откако Солскјер оценил дека има доволно квалитетни опции во нападот, по што Кристијано решил да ги разгледа останатите опции.

Дури во текот на вчерашниот ден, откако беше обелоденето дека контактите меѓу Мендеш и Манчестер Сити се крајно сериозни, челниците на Јунајтед се обиделе да се вклучат во трката, но експресно биле „оладени“ од агентот на португалската суперѕвезда.

Се вчитува...