Јунајтед нуди 110 милиони евра за Мауро Икарди

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед отпочна преговори за ангажман на капитенот на Интер, Мауро Икарди. Менаџерот Жозе Мурињо планира да ја засили навалната линија со нов голгетер, а планот е Аргентинецот да пристигне на „Олд Трафорд“ следното лето. Според медиумите на Островот, Јунајтед е подготвен да плати 110 милиони евра за одличниот напаѓач на италијанскиот калчолигаш.

Икарди минатата сезона постигна 29 гола на 34 натпревари во Серија А и се најавуваше како можно засилување за Реал Мадрид. Но, одлучи да остане на „Џузепе Меаца“ иако имаше италијански понуди за да ја промени средината од Јувентус и од Наполи.

Се вчитува...