Јунајтед одбил голем број фудбалери во последниот ден од преодниот рок

Манчестер Јунајтед беше речиси незабележлив во овој јануарски преоден рок, а како што пренесуваат британските медиуми, раководството на клубот за прв пат по подолго време не сакало да доведува играчи само така, иако им биле понудени.

Клубот од „Олд трафорд“ со години носеше играчи без посебна визија и ги плаќаше многу повеќе отколку што вредеа. Сепак, Јунајтед во последниот преоден рок одби неколку играчи кои им беа понудени преку различни менаџери. Прв е  Иско кој е слободен играч, потоа за првотимците на Атлетико Саул Нигез и Јаник Фереира Караско, Хосем Ауар од Лион бил исто така на листата на понудени.

Раководството на клубот им се заблагодари за понудите и се одлучи за Марсел Сабицер. Австрискиот фудбалер пристигна на „Олд трафорд“ како позајмен играч од Баерн Минхен. Играчот од средниот ред потпиша договор за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп. Оваа зима, Манчестер Јунајтед ги донесе на позајмица и голманот Џек Батланд од Кристал Палас и холандскиот напаѓач Вут Вегхорст од Барнли.

Се вчитува...