Јунајтед одлучи: Солскјер нема да добие отказ

Оле Гунар Солскјер нема да добие отказ во Манчестер Јунајтед во наредните денови, без оглед на големата криза во која се наоѓаат „црвените ѓаволи“, кои три меча по ред не знаат за триумф во Премиер-лигата. Вчерашниот пораз од Лестер уште повеќе го зголемува притисокот врз норвешкиот стручњак, но управата барем засега нема намера да носи нов стратег на „Олд Трафорд“.

Извори блиски до раководството на клубот тврдат дека директорите се уште му укажуваат доверба на Солскјер, иако на сите им е јасно дека мора што поскоро да биде најден излез од кризата. За проблемите да се уште поголеми, Јунајтед во наредниот месец ќе се сретне со Ливерпул, Манчестер Сити, Челси, Тотенхем и Арсенал, а токму првите два меча ќе покажат дали Солскјер ќе „преживее“, или ќе „потоне“ и ќе добие отказ.

Поранешниот голгетер се наоѓа на чело на Манчестер Јунајтед од декември 2018 година, кога пристигна најпрвин како привремена замена за Жозе Мурињо, а потоа потпиша и перманентен договор како предводник на „црвените ѓаволи“. Тој договор потоа беше продолжен до 2024 година, па јасно е дека ако му врачат отказ, челниците на Јунајтед ќе треба да му исплатат и огромна отштета на овој стратег.

Се вчитува...