Јунајтед остана непоразен на „Енфилд“, на врвот на Премиер-лигата

Ливерпул и Манчестер Јунајтед ремизираа 0-0 во дерби-дуелот на Премиер-лигата, резултат по кој „црвените ѓаволи“ останаа на врвот на табелата со три бода предност во однос на актуелниот шампион. Оле Гунар Солскјер одлично ја постави играта на својот тим, ги затвори приодите кон сопствениот гол, па Де Хеа немаше посериозна работа освен обидот на Тијаго од 25 метри.

На спротивната страна, токму Јунајтед ги имаше најубавите шанси на натпреварот. Најпрвин Бруно Фернандес шутираше од пет метри, а Алисон одбрани, за бразилскиот голман да блесне при обидот на Погба, шанса на Французинот од идеална позиција од седум-осум метри да му ја донесе победата на гостите од Манчестер.

„Црвените ѓаволи“ ја продолжија серијата цела сезона да бидат без пораз на гостински терен, додека Ливерпул ја продолжи серијата без постигнат гол, па избраниците на Клоп повеќе од 300 минути ја немаат затресено противничката мрежа.

Се вчитува...