Јунајтед плаќа 80 милиони евра за ангажман на Медисон

Манчестер јунајтед се активира за ангажман на фудбалерот на Лестер, Џејмс Медисон.

Според информациите од клубот, Јунајтед веќе на стартот од новата година ја почнува акцијата за Мeдисон, а неговата преселба на „Олд Трафорд“ се очекува во јуни следната година. Манчестер е подготвен да издвои дури 80 милиони евра. Менаџерот Оле Гунар Солскјер го поставува како приоритет број еден за летниот преоден рок.

Мeдисон е одличен оваа сезона. Еден е од најдобрите во Премиер-лигата, а во 17 натпревари постигна пет гола запишувајќи и три асистенции.

Се вчитува...