Актуелниот првак Манчестер Сити ќе игра против Астон Вила во финалето на Карабао куп, на „Вембли“ на 1.март. „Граѓаните“ загубија на „Етихад“ од Манчестер Јунајтед со 0-1, но сепак патуваат во финалната пресметка поради триумфот од 1-3 на првиот меч што се одигра на „Олд Трафорд“.
Немања Матиќ со голот во 35.минута даде надеж за тимот на Оле Гунар Сослкјер, но на „ѓаволите“ им недостигаше најмалку уште еден гол за да можат да продолжат да се борат за пласман во финалето. Србинот доби црвен картон во второто полувреме и го отежна уште повеќе патот на Манчестер Јунајтед кој на крајот доживеа елиминација.
Манчестер Сити во последните пет сезони дури трипати го освојуваше трофејот во Лига купот на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА