Јунајтед подобар од Брајтон, „волците“ ја гризнаа Астон Вила

Манчестер Јунајтед го совлада Брајтон со 3-1 на „Олд Трафорд“ што е само четврти триумф за тимот на Оле Гунар Солскјер во 12 натпревари од Премиер – лигата. „Црвените ѓаволи“ беа подобар ривал на овој меч и поведоа со голот на Андреас Переира во 17.минута, а само две минути подоцна Пропер си постигна и автогол.

Луис Данк во 64.минута намали на 2-1, но само две минути подоцна Маркус Рашфорд го постави конечниот резултат.

Вулверхемптон славеше со 2-1 против Астон Вила. Рубен Невеш пред крајот на првиот дел го отвори резултатот, Раул Хименез зголеми на 2-0, а Астон Вила во судиското продолжение постигна почесен погодок преку Трезеге.

Се вчитува...