Манчестер Јунајтед славеше убедлив триумф (3-2) на „Олд Трафорд“ против Вотфорд и ја одржува дистанцата од три бода негатива во однос на Челси, во трката за пласман на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите. Бруно Фернандеш од пенал го скрши отпорот на гостите во 42.минута, а во вториот дел погодија и Антони Марсијал и Мејсон Гринвуд.
Вулверхемптон исто така беше убедлив против Норич и славеше со 3-0. Диого Хота беше двоен стрелец, а мрежата на гостите ја погоди и Раул Хименез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА