Единсон Кавани нема да му помогне на Уругвај во квалификациите за Светското првенство во Катар 2020 година. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед одлучи да остане во Англија како по враќањето не би морал да замине на 14-дневен карантин.
Тоа значи дека селекторот на Уругвај, Оскар Табарез нема да може да смета на еден од своите најдобри фудбалери на мечевите против Перу, Боливија и Еквадор.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред некој ден изјави дека се надева дека Кавани знае кој е негов работодавач и дека нема да ја напушти Велика Британија за време на интернационалната пауза.
Кавани вчера го имаше првиот настап за „црвените-ѓаволи“ во новата сезона откако влезе во вториот дел во победата на неговиот клуб над Вулверхемптон од 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА