Јунајтед рутински преку Лутон до осминафинале во Лига купот (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето од Лига купот откако вечерва го совлада Лутон нагости со 0-3. „Црвените ѓаволи“ преку Хуан Мата од пенал во 44. минута дојдоа до водство од 0-1, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел Дин Хендерсон со неверојатна интервенција го спаси својот тим од нови проблеми, по што Маркус Рашфорд во 88. минута зголеми на 0-2, а Гринвуд во судиското надополнување ги постави конечните 0-3.

Вечерва пласман во полуфиналето обезбедија и Њупорт кој со 3-1 беше подобар од Вотфорд, Брентфорд кој по пенали ја совлада ВБА и Вест Хем кој го демолираше Хал со 5-1.

Претходно поради заразени фудбалери во Лејтон Ориент нивниот меч со Тотенхем беше одложен.

 

Се вчитува...