Јунајтед сака да ја купи младата ѕвезда на Барселона

Манчестер Јунајтед е подготвен да и плати на Барселона 150 милиони како би го ангажирал талентираниот Ансу Фати, пренесуваат медиумите во Англија. Барселона ја одбила понудата од 100 милиони евра за 17-годишникот, но „црвените-ѓаволи“ се решени да почнат проект за враќање на врвот во Англија, а како една од главните цели за новиот Јунајтед е токму членот на У21 репрезентацијата на Шпанија.

Клаузулата на еден од најталентираните фудбалери во светот изнесува 170 милиони евра, па сега останува да се види дали клубот од „Камп ноу“ ќе попушти и ќе се откаже од неговите услуги.

Манчестер Јунајтед дефинитивно планира да состави моќен тим за годините што следат, ако се знае дека покрај за Ансу Фати сериозно се интересира и за најголемиот англиски фудбалски талент, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Се вчитува...