Јунајтед се подготвил за Реал, но не и за „пеколот“ во Скопје

Манчестер јунајтед е подготвен да му се спротивстави на европскиот првак Реал Мадрид на утрешниот Суперкуп во Скопје. Сепак, жештината во главниот град на Македонија ќе биде главниот проблем на „црвените ѓаволи“. На прес – конференцијата во пресрет на мечот ова го потенцираше менаџерот Жозе Мурињо.

„Знаев дека времето во Македонија ќе биде 40 степени… Затоа во Манчестер тренинзите ги организирав во 16 часот, но секој ден врнеше. Сепак, со тоа не се оптоварувам, ќе играме како што знаеме и умее да дојдеме до победа. Се подготвивме за се, но за времето не можевме. Одиме да го победиме Реал, и тоа е очигледно. Исто како што е познато дека ние победивме во ЛЕ, а Реал е победник во ЛШ. А разликата меѓу Лигата на шампионите и Лигата на Европа е голема. Но, тоа не значи дека нема да се обидеме да го победиме Реал Мадрид во Скопје“, изјави Жозе Мурињо на прес – конференцијата пред утрешниот Суперкуп на Европа.

Тимот на Манчестер јунајтед во овие моменти го одржува и официјалниот тренинг на „Телеком Арена“ во Скопје.

Се вчитува...