Јунајтед се врати од 0-2, но не успеа да слави против Лидс (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра без победник 2-2 на домашен терен против Лидс јунајтед во заостанатиот натпревар од 8. коло во англиската Премиер-лига. „Црвените-ѓаволи“ имаа негатива од 0-2, но на крајот успеаја да стигнат до бод.

Гостите уште на самиот старт успеаја да стигнат до водство од 0-1 со брзиот погодок на Гнонто во 1. минута од натпреварот. Во првата минута, но од второто полувреме Лидс имаше и 0-2 со автоголот на Рафаел Варан.

Маркус Рашфорд со одличен удар со глава во 62. минута намали на 1-2, додека тотално во мечот ги врати „црвените-ѓаволи“ Џејдон Санчо во 70. минута.

Manchester United [2] – 2 Leeds – Jadon Sancho 70′ from soccer


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...