Јунајтед, Сити и Евертон убедливи во Карабао куп

Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Евертон на убедлив начин се пласираа во следната рунда од Карабао куп. „Црвените ѓаволи“ на гости го совладаа Брајтон со 0-3. Скот Мектоминај, Хуан Мата и Пол Погба беа стрелци на головите за тимот на Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Сити на идентичен начин го совлада Барнли. Рахим Стерлинг беше двоен стрелец на овој меч, а му се придружи и Феран Торес со еден погодок. Евертон на домашен терен го совлада Вест Хем со 4-1. Калверт – Луин постигна хет – трик, а стрелец за домаќините беше и Ришарлисон.

Се вчитува...