Јунајтед славеше над Ленс на „Олд трафорд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа во првата контрола на „Олд трафорд“ сезонава откако беа подобри од францускиот Ленс со 3-1.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 во 23. минута кога Сотока од центар успеа да го начне голот на Андре Онана.

Сепак, избраниците на Ерик тен Хаг во второто полувреме ја покажаа разликата во квалитет и со головите на Рашфорд, Ентони и Кашемиро стигнаа до конечен триумф од 3-1.

Manchester United [3] – 1 Lens – Casemiro 58′
by u/PSGCampus in soccer

Се вчитува...