Јунајтед слави – Рашфорд го скрши отпорот на „волците“

Манчестер Јунајтед по огромна битка славеше над Вулверхемптон со 1-0, продолжувајќи ја трката по титулата во Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ се мачеа да го скршат отпорот на гостинскиот состав, а најубавата шанса во првото полувреме ја пропушти Бруно Фернандеш, не успевајќи од непосредна близина да го совлада Патрисио.

Јунајтед имаше повеќе од играта во вториот дел, но без стопроцентни шанси се до 93. минута, кога Рашфорд одлично се снајде во шеснаесетникот, шутираше од десетина метри, топката го закачи Саис и заврши во мрежата на гостите.

Манчестер Јунајтед со овој триумф сега заостанува само два бода зад лидерот Ливерпул.

Се вчитува...