Јунајтед со одговор по повод контроверзното интервју на Роналдо

После контроверзното интервју на Кристијано Роналдо, неговиот клуб Манчестер Јунајтед се огласи со официјално соопштение. Од таборот на Олд Трафорд не му одговорија директно, туку само дека се подготвуваат за одговор на ѕвездата на играчот.

„Манчестер Јунајтед утрово започна соодветни чекори како одговор на неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо за медиумите. Нема да даваме дополнителни коментари додека овој процес не дојде до својот крај“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Роналдо даде интервју во кое ги нападна сите во Јунајтед, и кажа дека само тројца соиграчи го почитуваат. Се сврте против клубот, за кој кажа дека нема вложено ништо во инфраструктура откако бил тој таму првиот пат.

Се очекува Јунајтед да му даде отказ на Португалецот после Мундијалот во Катар, а дека е веќе поранешен кажува податокот дека Тен Хаг на него веќе не смета, а беше тргнат и неговиот постер од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...