Јунајтед со победа од три гола го пречека Брендфорд во Манчестер (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед на домашен терен славеше висока победа над Брендфорд од 3-0. натпревар од 35. коло во англиската Премиер-лига.

Бруно Фернандеш го отвори мечот уште во 9. минута, донесувајќи брзо водство за својот тим, резултатска негатива која уште на самиот старт ја сруши целата тактичка поставеност на гостите. „Ѓаволите“ покажаа целосна доминација, а на полувреме се замина со минимално водство од 1-0.

Во вториот дел на сцена стапи Кристијано Роналдо, кој успеа да направи извонреден шпринт по кој му беше направен прекршок за најстрога казна. Португалецот прецизно стрелаше од белата точка во 61. минута за водство од два гола разлика.

Точка на натпреварот стави Рафаел Варан во 72. минута. По ваквиот исход, Јунајтед ги задржува теоретски шанси за пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

 

https://v.fodder.gg/uploaded/1651518601.mp4#t=0.1

https://v.fodder.gg/uploaded/1651522762.mp4#t=0.1

https://v.fodder.gg/uploaded/1651523437.mp4#t=0.1

 

Се вчитува...