Јунајтед со понуда за Арнаутовиќ, Болоња со експресен одговор?

Манчестер Јунајтед е најслаб од топ 6 клубовите кога се работи за трансфер пазарот во Европа и Премиерлигата.

Дури и понудите што ги праќаат „ѓаволите“ доаживуваат неславен крај. Помалку неверојатно звучи и веста која ја пренесе еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцио.

„Ѓаволите“ ангажираа само тројца играчи во досегашниот период, иако претходно се најавуваше масивен трансфер период во кој ќе пристигнат шест до седум нови засилувања.

Сега откако стана јасно дека на Тен Хаг му треба офанзивец, од клубот се обиделе да го ангажираат Марко Арнаутовиќ кој игра во тимот на Болоња.

Јунајтед за австрискиот репрезентативец понудил осум милиони евра, но понудата веднаш била одбиена.

Тен Хаг добро ги познавал квалитетите на Арнаутовиќ затоа што работел со него во Твенте, па се очекува англискиот клуб сега и да ја зголеми понудата за напаѓачот.

Се вчитува...