Јунајтед сруши негативен рекорд после 1959 година

На Манчестер Јунајтед сезонава не му оди најдобро во Премиер лигата. Тимот е далеку од титулата, иако можеби пред почетокот на првенството се најавуваше битка за пехарот во Англија.

Денеска одбраната на Јунајтед одново беше пробиена од Сити и тоа уште во 7. минута кога Баји си постигна автогол. Со тоа тимот на Оле Гунар Солскјер прима гол на 14-тиот натпревар по ред на домашен терен во сите натпреварувања.

Тоа е втора негативна серија за Јунајтед во историјата. Првата беше во периодот од април 1958 до март 1959 година, кога Јунајтед примаше голови на сите 21 меч на домашен терен.

Се вчитува...