Испразнетата клупа на Манчестер Јунајтед го вознемири ПСЖ. Се шпекулира дека Маурисио Покетино изразил желба да се пресели на „Олд Трафорд“, но тоа нема да мине така лесно.
Доколку оцени дека Покетино е идеален заменик на Солксјер, тогаш Јунајтед ќе треба да го „одврзе кесето“. Според информациите, цената која ПСЖ ќе ја добие би изнесувала 12 милиони евра, нешто кое е прифатливо за тимот од Олд Трафорд.
Сепак, постои варијанта и Јунајтед да назначи в.д. тренер до крајот на сезоната, а потоа да го ангажира Покетино за помала сума, со оглед дека ќе има договор уште една година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА