Јунајтед тргнува по Маурицио Покетино

Поразите на првите две домашни средби од новата сезона, против Кристал Палас и особено фијаското против Тотенхем, придонесоа челниците на Манчестер Јунајтед сериозно да почнат да размислуваат за тренерска смена уште во раната фаза од сезоната. Маурицио Покетино е „прв пик“ на „црвените ѓаволи“ откако членови на клупската управа веќе го контактирале агентот на аргентинскиот стратег, прашувајќи го дали Покетино би бил заинтересиран за камбек во Премиер-лигата.

Одговорот бил потврден, што е оценето како прв чекор во разговорите. Сепак, челниците на Јунајтед ставиле до знаење дека не планираат тренерска смена во наредните триесетина дена, решени се да му дадат шанса на Солскјер со неколкуте нови засилувања да го разбуди тимот по слабиот старт на сезоната. Норвежанецот сигурно ќе го води тимот на следните пет натпревари (против Њукасл, Челси и Арсенал во Премиер-лигата и против ПСЖ и Лајпциг во ЛШ), а неговата долгорочна иднина во клубот ќе зависи токму од игрите и резултатите на овие средби.

Покетино е без ангажман уште откако доби отказ од Тотенхем, во меѓувреме извиси во трките за тренер на Барселона и Јувентус, па Аргентинецот без многу размислување би се вратил во врвен клуб со богат буџет за засилувања.

Се вчитува...