Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед со изненадувачки пораз од Кристал Палас ја почна новата сезона. Главен виновник за поразот од Палас беше Виктор Линделоф кој очигледно не е квалитет за тим како „црвените-ѓаволи“. Алармот на „Олд Трафорд“ веќе е пуштен, а Оле Гунар Солскјер тргна по потписот на одличниот штопер на Ред Бул Лајпциг Дајот Упамекано.
Упамекано минатата сезона одигра неверојатно во дресот на германскиот бундеслигаш на кој му помогна да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите. Тој има актуелен договор со Лајпциг до 2023 година, но од Јунајтед се подготвени да платат голема сума за еден од најперспрективните дефанзивци во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА