Јунајтед тргнува во одмазда: Кристијано Роналдо ќе остане без 20 милиони евра!

Манчестер Јунајтед е подготвен жестоко да го казни Кристијано Роналдо поради интервјуто што португалската суперѕвезда го даде пред неколку дена, со остри критики кон управата на клубот, тренерот, но и кон соиграчите од таборот на „црвените ѓаволи“.

Повеќе од јасно е дека Роналдо со ваквиот јавен настап стави до знаење дека сака што поскоро да го напушти клубот, но од Јунајтед се подготвуваат за најголема казна во клупската историја, како одговор на односот на Кристијано кон клубот. Во скромното клупско соопштение беше наведено дека „почнува постапката за преземање чекори по интервјуто на Роналдо“, а медиумите веќе почнаа да обелоденуваат за што поточно станува збор.

На Роналдо ќе му биде забранет влез во тренинг-центарот Керингтон по враќањето од СП кон крајот на декември, откако Тен Хаг, но и голем дел од клучните играчи јасно ставиле до знаење дека не сакаат да имаат ништо повеќе со Португалецот. Покрај тоа, клубот е подготвен да го раскине договорот со Роналдо, што ќе значи дека тој нема да добие ниту евро од загарантираните 20 милиони што требаше да ги добие до крајот на јуни.

Јунајтед ќе се повика на прекршување на клаузулата за лојалност за да не му исплати на Кристијано ниту евро од она што му следи, а интересно е што „црвените ѓаволи“ и покрај раскинот на договорот, ќе инсистираат на отштета од новиот клуб како дополнителна казна за Роналдо и отежнување на преговорите.

Се вчитува...