Манчестер јунајтед е се чини веќе во четвртфиналето од Лигата на Европа откако во првата осминафинална пресметка славеше на гостувањето против ЛАСК убедливо со 0-5.
„Црвените ѓаволи“ победата ја најавија со голот на Игало уште во 28. минута. Во второто полувреме, стрелаа и Џејмс, Хуан Мата, Гринвуд и Переира.
И Базел славеше победа од 0-3 на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт, со головите на Кампо, Буа и Фреи.
Башакшехир триумфираше пред своите навивачи со 1-0 против Копенханген, со погодокот на Виска од пенал во 88. минута.
ЛИГА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Башакшехир – Копенхаген 1-0
Ајнтрахт Ф. – Базел 0-3
ЛАСК – Манчестер јунајтед 0-5
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА