Јунајтед пред Челси во трката по англискиот „бисер“

Англискиот премиерлигаш, Манчестер Јунајтед верува дека може да го победи Челси во трката за младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. Санчо го напушти јуниорскиот тим на Манчестер Сити во 2017 година, поради желбата да биде стандарден првотимец во првиот тим на некој европски великан. Англичанецот воодушевува со настапите во Борусија Дортмунд, а откако премина на „Сигнал Идуна“ паркот тој забележа 29 гола и 40 асистенции.

Сепак, Санчо сака да се врати во Англија, а Челси се спомнува како најидеална дестинација за него. Сепак, извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд најави дека следното лето тимот од „Олд Трафорд“ ќе потроши многу на засилувања, а една од главните цели ќе биде победа во трката со Челси, за младиот фудбалер кој во моментов се проценува на 140 милиони евра.

Интерес за услугите на Санчо покажува и лидерот Ливерпул, но се очекува Клоп да тргне по англискиот репрезентативец доколку се реши за продажба на Мохамед Салах во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...