„JUNIOR DAY” за најмладите од семејството на „SPORT LIFE“

На 06.06.2023 г. во Спортско рекреативниот центар „Хиподром“ и ресторанот „Потковица“, се одржа „Junior Day”, настан на кој присуствуваа над 300 деца од цела Македонија, заедно со своите родители,  вработени во компаниите на СЛ Холдингот: Спорт Лаиф, Златна Копачка, Спорт Лаиф Гејминг и БЕТ О2 и на компаниите  ЏС Актуел и Ј.Е.С Глобал.

„Овој заеднички настан претставуваше незаборавен ден за сите нас. Тој преминува во традиција и секојпат е исполнет со рекреативни и забавни активности, натпревари и голем број награди. Но, секоја година е посебна по нешто. Децата овојпат имаа можност да јаваат на преубавите пони коњчиња Ромео и Јулија, а крајот на настанот беше збогатен со наградна лотарија. Се извлекуваа бројни подароци за децата – таблети, тротинети, скироли, фудбалски топки, пикада, велосипед и други награди. Видовме многу возбудени и среќни  дечиња, а на најсреќното од нив, кое беше од Велес, му припадна главната награда – велосипедот“ – истакнаа организаторите од „Спорт Лаиф“.

„Junior Day” е ден за заедничка средба вон работните места и ден за одлична забава за вработените и нивните најмили, оваа година тоа го видовме во природата и убавините на Спортско рекреативниот центар Хиподром, а за следната подготвуваме нови изненадувања.

Уверете се и сами преку видеото на следниот ЛИНК.

Комерцијален текст

Се вчитува...