Јуниорите на Работнички се број 1 во Македонија

Работнички е кошаркарски првак на Македонија во јуниорска конкуренција откако „центарци“ одиграа перфектна сезона крунисана со убедлива победа над МЗТ Скопје (102-57) во големото финале од завршниот турнир.

Избраниците на Андреј Апостолоски Лечиќ цела сезона играа импресивна кошарка, немаа ниту еден пораз во регуларниот дел од М18 лигата, а перфектната серија ја продолжија и на завршниот турнир што се одржуваше во Скопје.

Работнички во денешното финале имаше 11 поени предност по две четвртини игра (44-33), за во преостанатите 20 минути целосно да го демолира противникот, триумфирајќи со преубедливи 45 поени разлика.

За најкорисен играч на финалниот турнир во СРЦ „Кале“, беше избран Андреј Шошкиќ. Одличниот бек од екипата на Работнички 2018 имаше одлишни настапи и во полуфиналето, против екипата на Водно Санс, но и во мечот кој решаваше за титулата.

Се вчитува...