Допинг од „мали нозе“: Позитивна јуниорска светска шампионка

Двократната јуниорска светска шампионка на 100 и 200 метри, Јамајчанката Бриана Вилијамс била позитивна на допинг, изјави нејзиниот адвокат, отфрлајќи ја секоја можност да се работи за своеволно користење на недозволени супстанци.

17-годишната атлетичарка, била позитивна на недозволениот диаретик, хидрохлоротиазид на првенството на Јамајка во јуни. На младата спринтерка која на 100 метри има време од 10.94 стотинки и се заканува суспенција од четири години.

Се вчитува...